Сцена од документарниот филм „Приказната за Силјан“

Со нови филмски номинации „Приказната за Силјан“ е на пат кон Оскар

Документарниот филм „Приказната за Силјан“ во режија на Тамара Котевска бележи исклучителен меѓународен успех со освојување на две значајни номинации на престижните „Синема ај хонорс“ (Cinema Eye Honors), едни од најреномираните глобални признанија за документарна продукција.

Филмот ја освои номинацијата за „Audience Choice Prize“, признание со особена тежина во документарниот свет. Оттаму истакнуваат дека „Audience Choice Prize е често клучен претходник на идните документарни награди, вклучително и на Оскарот за најдобар документарен филм, нагласувајќи дека ова признание е важен индикатор за потенцијалниот успех на филмот во претстојната наградна сезона.

Покрај ова, „Приказната за Силјан“ ја доби и номинацијата Извонредно достигнување во кинематографијата – „Outstanding Achievement in Cinematography“, со која се одликува кинематограферот Жан Дакар за неговиот автентичен визуелен пристап и суптилната, но длабоко филмска естетика што го одбележува филмот. Со ова, „Приказната за Силјан“ го зацврстува својот статус како едно од најзначајните документарни остварувања на годината.

„Национал џиографик“ (National Geographic) официјално ја најави американската премиера на „Приказната за Силјан“, која ќе се одржи на 28 и 29 ноември во „IFC Center“ во Њујорк, со што филмот влегува на големата американска филмска сцена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот