Зајакнете ја одбраната од коронавирусот одвнатре: овие намирници кога ќе се измешаат се антивоспалителен штит!

На сите нас секако најголема желба ни е коронавирусот да не заобиколи, а за тоа може да си помогнеме и со некои моќни комбинации од намирници и се разбира, со максимална посветеност на одржување на хигиената.

Еликсир со куркума и ѓумбир

Ѓумбирот е познат по антивоспалителните моќи, но помага и во ослободување на дишните патишта. Неговата сила дополнително е нагласена доколку се помеша со куркума. Ако на оваа комбинација додадете и цитруси ќе го добиете еликсирот.

Состојки

– 3 лажици мелен свеж ѓумбир и 1 лажица ѓумбир во прав

– 1 лажица куркума во прав

– 1 портокал

– 1 лимон

– прстофат црн пипер

– 100 милилитри вода

Подготовка

Измиксајте ги сите состојки и ќе добиете многу концентриран сируп. Помешајте го со 250 мл топла вода. По желба додадете малку кокосово масло. Пијте од елискирот на секои два часа.

Еликсир од јаболков оцет

Еден од клучните природни состојки кој може да се носи со симптомите на грип е секако јаболковиот оцет. Меѓу другото помага при болки во грлото.

Состојки

-400 мл вода

-100 мл сок од јаболка

-4 лажици јаболков оцет

-половина лажичка цимет

-половина лажичка „стевиа“

Подготовка

Во поголема чаша ставете го циметот, додадете ја водата, сокот од јаболка и јаболковиот оцет. На крајот смешајте ја и стевиата. Добро измешајте, а потоа еликсирот едноставно испијте го.
Мелем од лук
Лукот е еден од најмоќните антибактериски и антивирусни намирници. Овој мелем од лук помага и при внатрешни паразити, висок крвен притисок и холестерол. Ако се употребува за мачкање, одличен е за решавање на кожените инфекции.
Состојки

– 1 филџан исчистен и сечкан лук

– 500 мл водка или јаболков оцет

Подготовка

Ставете го исчеканиот лук во стаклена тегла и прелијте го со водка или оцет. Затворете ја теглата со капаче. Секојдневно протресете ја теглата пред да ја конзумирате смесата од неа.  Препорачана доза за возрасни е 5 капки еднаш на ден, помешани со вода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот