Со кого се дружи Груевски во Будимпешта? (ФОТО) – Слободен печат
ВестиВи ПрепорачувамеМакедонија

Со кого се дружи Груевски во Будимпешта? (ФОТО)

Откако Груевски одбил да одговори на било кое прашање, новинарите се пресретнале со третиот човек кој претходно се сокрил во станот.

Унгарскиот портал 444.hu во петокот го објави видеото во кое новинари од истиот медиум го следеа Груевски како излегува од стан. Тие преку катастарот за недвижнини дознаваат дека апартманот кој е во непосредна близина на нивната редакција е во сопственост на двајца Кинези и истиот се издавал преку aир би ен би и имал редовни туристи, но во последната година скоро и никој не престојувал во станот. Едниот од Кинезите е купувачи на обврзници.

Екс премиериот и бегалец во станот се сретнал со Иштстан Јоо, заменик државен секретар за промоција на извозот во Министерството за надворешни работи, во присуство на двајца мажи. Оној кој ги имал клучевите од станот го придружувал до автомобилот и се вратил во станот. Од 444.hu додаваат дека имало и друг, трет човек, кој само на момент го забежележале кога Груевски излегувал од станот, бидејќи се сокрил кога ги видел.

Откако Груевски одбил да одговори на било кое прашање, новинарите се пресретнале со третиот човек кој претходно се сокрил во станот. Новинарите пробале да му пристапат и му се обратиле на унгарски и англиски, но човекот не рекол ништо, па го фотографирале. Во раката држел тетратка на која пишува „Budapest water summit 2016“.

извор: 444.hu
извор: 444.hu

Истиот ден, откако Груевски заминал со автомобилот со германски регистарски таблички од местото каде што се одвивало интервјуто, се упатил на бизнис забава на бродот „Europa ship Budapest“. Тој повторно бил со истата придружба и цело време зборувал на англиски јазик, а забележани биле и како се фотографираат.

извор: 444.hu

Одговорот на Министерството за надворешни работи на прашањата испратени од редакцијата на 444.hu веднаш по средбата на Груевски со Иштстан Јоо гласел дека „немало ништо посебно за Министерството за надворешни работи да биде во контакт со лице во Унгарија, кое долго време било премиер на неговата
земја”.

Во жаргон за национална безбедност, 444.hu пренесува дека недвижниот имот се нарекува К-стан или дом за заговор во кој се случувале состаноци како тој во петокот. „К-станот е сопственост за изнајмување на државни безбедносни агенции, кои се користат за прикривање, за прием на мрежни лица, службеници на СТТ, за спроведување на оперативни акции, за периодичен надзор на непријателски објекти и лица“.

извор: 444.hu

Она што е најинтерсно околу целиот случај е дека новинарите од 444.hu забележале дека за време на бркотницата со новинарите од 24.hu во декември, возилата кои го пренесуваат Груевски имале иста налепница, која била показател за сателитски далечински мониторинг систем.

извор: 444.hu

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close