Груевски имал тајна средба со помошник секретарот на унгарското МНР (ВИДЕО)

Експремиерот и азилант Никола Груевски во петокот сакал средбата со помошник секретарот на унгарското МНР да остане во најголема тајност. Но, плановите му ги расипал новинарот на  „444“ – медиумот кој го начека Груевски и објави детална анализа за настанот, информира НОВАТВ.

 

Новинарите го забележале Груевски како влегува во влезот каде што е сместена нивната редакција. Тој со уште двајца мажи влегол токму во станот до оној каде се наоѓа редакцијата на „444“. Новинарите го чекале околу еден час да излезе од станот, но штом тој ги забележал на излегување, брзо се скрил назад во станот. По кратко, Груевски сепак излегол во придружба на еден од мажите кои биле со него. Третиот бил одлучен да се скрие од новинарската камера и останал зад вратата на станот.

Откако новинарот го допратил Груевски до автомобилот кој го чекал, поставувајќи му прашања кои тој не ги одговори, забележал дека автомобилот имал лепенка на која било означено дека возилото е сателитски следено. На враќање кон редакцијата, новинарот и снимателот го пресретнале и третиот човек кој бил со Груевски во станот. Тие веднаш го откриле неговиот идентитет, станува збор за Иштван Јо кој е заменик секретар во унгарското Министерство за надворешни работи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот