Марија Андоновска/ Фото: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

Директорката Андоновска за хаосот во ИЈЗ: И мене некои работи ми изгледаа нестварни кога дојдов на функцијата

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска на денешната прес-конференција рече дека се надева оти Обвинителството ќе реагира за утврдените неправилности во работењето на Инситутот пред таа да дојде на чело на институтцијата. Нејзината реакција следи по вчерашниот извештај од Државниот завод за ревизија, во кој се утврдени низа неправилности во финасиските извештаи на Институтот.

Андоновска вели дека кога дошла на директорската позиција, со нејзиниот тим констатирале дека нема реагенси и немало евиденција за нив.

„И мене некои работи ми изгледаа нестварни штом дојдов на оваа функција, што се случувало пред јас да дојдам на позицијата. Некои од луѓето примале плата, а не доаѓале на работа, колеги ги евидентирале дека доаѓаат на работно место, а тие за возврат им давале пари. Некои лица биле примени на работа без административен испит, неправилни унапредувања и исплаќање додатоци“ посочи Андоновска.

Според тоа што го сподели Андоновска, во Инстутот владеел хаос. Вработени биле наградувани на несоодветен начин, се набавувала непотребна медицинска опрема – апарати што веќе ги имаат наместо нешто што недостига. Фармацевтски техничар извршувал услуги на медицинска сестра или лаборант, со што во прашање биле ставени здравствените услуги.

Андоновска вели дека пред таа да дојде на чело на оваа институција се случувало да се склучат договори на дело со веќе вработени лица. Простор на ИЈЗ незаконски се издавал на пекарница. Се правеле јавни набавки што не биле предвидени во годишниот план.

На новинарско прашање Андоновска одговори дека од 44 до 88 илјади денари се добивало плус на платата на едно вработено лице за архивска граѓа, како, на пример, чистење двор.

Директорката на ИЈЗ сепак истакна дека некои од вработените во Институтот си ја вршеле чесно и професионално работата, па апелира сите вработени да не се ставаат во ист кош.

Таа увери дека повеќето од работите што се случувале во Институтот сега се надминати.

„Слободен печат“ дознава: Голема инспекција во Институтот за јавно здравје, поради административци што не полагале испит

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот