Фото: Слободен печат

Со Б-категорија ќе возиме мотори од 125 кубици – поднесен е предлог-закон во Собранието

Содржината на обуката, формата, содржината на потврдата и начинот на водење на евиденција за издадени потврди за посета на обуката ја пропишува министерот за внатрешни работи во рок од 15 дена од влегување на сила на овој закон. Автошколата ќе треба да ја издаде дозволата за посета на четири часа обука сообраќајни правила и прописи и го известува МВР.

Пратеничката група на ЗНАМ, со поддршка на пратениците од мнозинството, поднесе предлог за дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, по скратена постапка, со кој се предвидува возачите кои имаат возачка дозвола од Б-категорија, да имаат право да возат мотоцикли со автоматски менувач од категоријата А1, чија зафатнина на моторот не е поголема од 125 кубни сантиметри и чија сила на моторот не е поголема од 11 киловати, a соодносот на јачината на моторот и масата на возилото не надминува 0.1 киловат на килограм.

– Со овој Предлог на закон се предвидува возачот кој поседува возачка дозвола од Б-категорија, да има право да управува мотоцикл со автоматски менувач од категоријата А1 согласно ЕУ регулативата, откако ќе наполни 23 години, поседува минимум пет години возачка дозвола од категорија Б и посетува четиричасовна теоретска обука за безбедност при управување на мотоцикли во авто школа и која важи само на територијата на државата – изјави на прес-конференција пратеникот Павле Арсовски.

Содржината на обуката, формата, содржината на потврдата и начинот на водење на евиденција за издадени потврди за посета на обуката ја пропишува министерот за внатрешни работи во рок од 15 дена во рок од влегување на сила на овој закон. Автошколата ќе треба да ја издаде дозволата за посета на четири часа обука сообраќајни правила и прописи и го известува МВР.

Арсовски потенцира дека овој закон има за цел да мотивира и да поттикне што поголем број на граѓани својот автомобил при вршењето на секојдневните обврски да го заменат со мотцикл.

На новинарско прашање, Арсовски рече дека пратеничката група на ЗНАМ е обединета и останува компактна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот