Снуп Дог / Фото: Profimedia

Снуп Дог во непријатна ситуација на ЗОИ: Не можеше да ја плати храната, па возврати со гест што воодушеви едно семејство

Раперот Снуп Дог е вистинска ѕвезда на Зимските олимписки игри 2026 во Италија и повторно се најде во центарот на вниманието поради несекојдневна и симпатична ситуација надвор од спортските терени.

Додека престојувал во Ливињо како дописник на Ен-би-си, музчарот нарачал храна за носење во локален ресторан – чизбургер, пилешки крилца, нагетси и помфрит. Сепак, неговата кредитна картичка не поминала при плаќањето.

Сопствениците на ресторанот „Кронокс“ му рекле да не се грижи и да ја земе храната без плаќање. Неколку дена подоцна, семејството добило неочекуван подарок – пет билети за финалето во дисциплината халфпајп.

„Мајка ми му рече дека е во ред и без плаќање. Денес ни испрати пет билети за финалето“, изјавила ќерката на сопствениците, Софија Валмадре.


Снуп Дог, кој има 54 години, е едно од највпечатливите лица на овие олимписки игри. Тимот САД дури го прогласи за свој прв почесен тренер, а во изминатите денови беше постојано присутен на трибините и во телевизиските преноси.

Тој се дружеше со бројни спортисти, меѓу кои и Иља Малинин и Џордан Столц, а беше во публиката и кога Линдзи Вон доживеа пад за време на својата трка.

Легендарниот сноубордер Шон Вајт му одржа кратка лекција по сноуборд. Иако неколкупати падна, раперот сепак успеа да „влезе во ритамот“. Се испроба и во боб-санкање, но призна дека тоа не е спорт за него. Проба и карлинг, а дури се спушти по рид на пластична канта.

„Тоа ми беше првпат нешто такво на мраз и бев доволно храбар да пробам. Би го направил повторно, беше забавно. Но боб-санкањето не е за мене“, изјави тој во емисијата „Тудеј“.

Покрај спортските авантури, Снуп се појави и во бар со актерот Стенли Тучи, каде што Тучи пиел мартини, а раперот нарачал – џин и сок.

„Сега сум сад на љубовта и ми се допаѓа што сум гласник на мирот. Тоа е суштината на Олимпијадата – да го обедини светот во славење на спортот и единството. Сакам да им ставам насмевка на луѓето на лицето“, порача Снуп.

Москино и Снуп Дог создадоа лимитирана колекција за ЗОИ 2026

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот