Снежана Василевска ни препорачува: Израдувајте ги најблиските со брз, лесен и превкусен „Garlic bread“ (Леб со лук)

Кој може да одолее на топол и крцкав леб, а особено кога е збогатен со лукче? Прочитајте како да направите совршен прилог за оброците, за кој ветуваме дека ќе го обожаваат најблиските.

СОСТОЈКИ

  • *1 леб
  • 5 чешниња лук
  • маслиново масло
  • сол
  • сув босилек

*најдобро е лебот да е постар, јас искористив „рустика” од 500 гр.

ПОДГОТОВКА

Лукот, посолен, се толчи и кога е убаво источен постепено му се додава маслиново масло,  околу 50 мл.

Се добива креместа смеса слична на мајонез. Се зачинува со сув босилек или друг зачин по желба – буковец и слично.

Лебот се сече на коцки со остар нож до околу 3/4 од висината. Се премачкува во засеците со смесата од лук.

Одозгора  се попрскува со  малку вода и уште малку масло, што ќе резултира со поголем „сјај“ и крцкавост на лебот.

Се пече на висока температура, околу 10 мин.

Се јаде додека е топло – тешко дека ќе остане за подоцна!

На здравје!


За повеќе вакви рецепти, заследете ја ОВАА ФЕЈСБУК ГРУПА и ОВОЈ ИНСТАГРАМ ПРОФИЛ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот