Смртоносна бактерија пронајдена во вода, ЦДЦ издаде предупредување до лекарите

Фото: Профимедиа

Потенцијално смртоносен вид на бактерија, која досега беше забележан само во јужна Азија, Африка и Австралија, за првпат е откриена во примероци од почва и вода собрани во САД, соопшти во средата американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

Бактеријата наречена Burkholderia pseudomallei, како што пренесува „Ен-би-си њуз“, може да предизвика болест наречена мелиоидоза, за која е познато дека може да доведе до смрт.

Во САД се евиндентираа околу десет случаи на мелиоидоза секоја година, и тоа обично кај луѓе кои претходно престојувале во странство.

Меѓутоа, во средата ЦДЦ објави дека бактеријата била пронајдена во примероци од почвата и водата собрани долж брегот на Мексиканскиот залив во државата Мисисипи и издаде здравствено предупредување до сите лекари во Америка обрнат внимание на можните знаци на мелиоидоза, кои можат да бидат нејасни и да вклучуваат кашлица, зголемена телесна температура и болка во градите.

Во потешки случаи, болеста може да доведе до дезориентација, симптоми слични на воспаление на белите дробови (пневмонија) и напади слични на епилепсија.
„Нејасно е колку долго бактеријата е присутна во околината и каде на друго место во САД би можела да биде“, се наведува во соопштението на Центарот.
Д-р Жил Ведерхед, професокар по тропска медицина и заразни болести на Медицинскиот факултет Бејлор во Хјустон, рекла дека доаѓањето на бактеријата во САД не изненадува.

– Овде во Америка, долж брегот на Мексиканскиот залив, имаме суптропска клима, овде е топло и влажно. А, таа средина е идеална за Burkholderia pseudomallei – рекла таа.

Бактеријата потенцијално би можела да се рашири насекаде по брегот на заливот, каде што би можела да стане ендемична, додала Ведерхед, пренесува „Ен-би-си њуз“.

Бактеријата е откриена во САД откако на две лица кои не биле во сродство, но живееле блиску еден до друг во Мисисипи, лекарите им дијагностицирале мелиоидоза – во првиот случај во 2020 година и кај второто лице во 2022 година.

Според предупредувањето на ЦДЦ до лекарите, двете лица завршиле во болница поради сепса откако добиле пневмонија. И двајцата биле лекувани со антибиотици и последователно закрепнале.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот