Сменет печатот на Северна Митровица, ќе стои Република Косово на него

EPA-EFE/DJORDJE SAVIC

Градоначалникот на Северна Митровица Ерден Атиќ одлучил да го смени печатот во оваа општина, пренесува порталот КоССев.

На новиот печат ќе пишува „Република Косово – Општина Северна Митровица“, пишува КоССев повикувајќи се на Газета експрес.

Атиќ положи заклетва на 19 мај на кратка церемонија.

Тој победи на општинските избори на 23 април, во процес кој беше бојкотиран од Србите. Ова е првпат оваа општина да ја води Албанец, пишува КоССев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот