Случајот со таксистот „бомбаш“ го презема скопското обвинителство

Откако пратеникот Павле Богоевски вчера сам се пријавил во полицијата поради купување на масло од канабис за болната сестра, тој полициската станица БЕКО ја напуштил половина час по полноќ.

Според информациите случајот од утре ќе го преземе Јавното обвинителство на Скопје, а предмет на истрага ќе биде таксистот кој возејќи го Богоевски, неовластено го снимал што зборува на телефон.

За неовластено снимање на граѓани пропишана е затворска казна од 5 години.

Богоевски вчера сам се пријавил во полициска станица откако на сајт регистриран во Русија беше пуштена аудио снимка од Богоевски како разговара на телефон и како нарачува, како што вели тој, масло од канабис за близок болен член од семејството, а не кокаин како што тврди на сајтот. Јавно побара. да му биде направен тест за наркотички дроги како доказ дека ја зборува вистината.

Не е познато дали во полициската станица било исполнето неговото барање, со оглед на тоа дека не е фатен со дрога, туку се пријавил дека место од аптека, тој канабисот го нарачувал од некое друго место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот