Случајот Јалдз Веапоска тапка во место: Втор месец чекам да дознаам зошто ми се извадени здрави органи

Јалдз Веапоска / Слободна ТВ

Случајот со родилката Јалдз Веапоска од Дебар тапка во место. Нема одговор од Комисијата што ја формираше министерот за здравство Венко Филипче, ниту е мрдната од мртва точка постапката на Обвинителството за нелегалната ординација што дома ја имал екс директорот на струшката болница доктор Мухамед Асани, дознава Слободен печат.

-Стапивме во контакт со министерот Венко Филипче и тој ни кажа дека уште се работи на надзорот во струшката болница и дека наодите ќе ни бидат соопштени јавно, но од тоа нема никаков резултат. Одговорот не е кај мене, очекувам од страна на комисијата од директори да ја почитуваат Хипокретовата заклетва. Сакам да добијам одговор што се случило, зошто органите здрави ми се извадени. Обвинителството ме викна да бидам сведок за дивата ординација што Асани ја имаше дома, да опишам како се стигнува до ординацијата и после тоа нема друг исход, изјави Веапоска за Слободен печат.

Веапоска се соочи со животна трагедија откако отиде да се породи со царски рез во струшката болница, а оттаму излезе без три органи, матка, јајник и бубрег, по што за лекарска грешка го обвини гинекологот Асани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот