„Случај Нејмар“: Барса има рок до 10 август!

EPA-EFE/Ian Langsdon

Иако повеќе изгледа крајно „неповолен“ по шпанскиот шампион. Барселона доколку сака да го врати својот поранешен фудбалер, Нејмар, до 10 август ќе мора да исплати 180 милиони евра, во спротивно разговори повеќе нема да се водат.

Таков е ултиматумот од страна на челниците на францускиот клуб, пренесуваат шпанските медиуми. Иако се свесни дека Бразилецот не сака повеќе да игра за „светците“, Насер Ал-Келаифи и соработниците сакаат да вратат поголем дел од рекордните 222 милиони евра колку што платија за играчот.

Проблеми можеби за каталонскиот гигант е тоа што моментно нема толкава сума, особено не после 120 милиони за услугите на Антоан Гризман.

Претходно беше одбиена понудата на челниците од „Камп Ноу“ да дојде Нејмар како позајмица и наредната 2020 година биде откупен неговиот договор.

Нејмар е со парискиот клуб на претсезонските подготовки во Кина, но тренира сам на оваа азиска турнеја каде што досега нема никаква минутажа, целосно „изолиран“ од јавноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот