Словенија создава НОВ национален авиопревозник?

фото: Youtube.com

Словенечката влада е во преговори со германската компанија „Луфтханза“ и операторот на Франкфуртскиот аеродром „Фрапорт“ за продажба на одредени авио-рути на словенечката компанија „Адриа ервејс“, која прогласи банкрот на крајот на септември.

Порталот „exyuaviation.com“ пренесува дека „Адрија“ сообраќала кон Брисел, Франкфурт, Минхен, Виена и Цирих, и дека подружниците на „Луфтханза“ досега немале своја директна линија до Љубљана.

Словенечкиот министер за економски развој и технологија Здравко Почивалшек рече дека околу половина од рутите може да бидат наменети за „Луфтханза“ и дека во моментов преговара со најголемата германска авиокомпанија за формирање нов национален оператор.

Почивалшек оцени дека новоформираната „Ер Словенија“ би можела да ги започне операциите до крајот на февруари 2020 година со флота од 10 до 12 авиони и да лета до петнаесет дестинации. Од друга страна, министерот предупреди дека процесот може да потрае некое време и дека ќе бара политички консензус во земјата.

Словенечката влада, пак, предложи закон за субвенционирање на важни авио-рути, за кои ќе расправаат членовите на парламентот во наредните месеци.

После 58 години постоење, „Адриа Ервејс“ поднесе барање за постапка за стечај пред Окружниот суд во Крањ, бидејќи не успеа да обезбеди дополнителни средства за да продолжи со работењето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот