Фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Слот попушти – Салах вратен во тимот за мечот против Брајтон

Голема неизвесност владееше меѓу навивачите на Ливерпул околу тоа дали изостанокот на Мохамед Салах за минатонеделниот дуел со Интер во Лигата на шампионите е само вовед во целосно влошување на односите со менаџерот Арне Слот. Но, изгледа разумот победил – Холанѓанецот го врати Салах во тимот за премиерлигашкиот натпревар против Брајтон.

Актуелниот шампион на Англија утре од 16 часот го пречекува тимот од југот на земјата, а најдобриот фудбалер на Ливерпул во последната деценија повторно ќе конкурира за составот. Тоа е значаен чекор кон „одмрзнување“ на односите со тренерот.

Сепак, засега не е јасно дали Салах ќе добие значителна минутажа или ќе остане само опција од клупата, но сигурно е дека на сите страни им одговара овој конфликт да биде надминат.

Да потсетиме, по ремито со Лидс минатата сабота, Салах јавно проговори за она што го мачи, а токму тоа го натера Слот да го изостави од патот за Милано.

Останува да видиме што ќе се случи утре.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот