Славната Тони Брекстон (52) младоликиот изглед го должи на вибратор: Детално објасни како го користи! (ВИДЕО)

Фото: Инстаграм

Американската пејачка Тони Брекстон (52) ја открила тајната за својот младолик изглед во новата видео снимка која ја објавила на Инстаграм.

Имено, пејачката открила дека своето лице често го масира со вибратор, кој не го користи за ништо друго, освен за нега на лицето, како што напишала.

– Признавам, ова тука е вибратор, но јас го нарекувам масажер за лице. Тој ги активира мускулите на моето лице и ги поттикнува да работаат. Не сум го користела никаде, освен на лице – започнала Тони.

– Тука се наоѓа мала топка која е едноставно е совршена. Понекогаш ја ставам во замрзнувач. Потоа го масирам лицето, а вибрациите ги активираат моите мускули – објаснила таа.

Ова видео снимка била прегледана преку 618 илјади пати на Инстаграм, а под неа се нанижаа и голем број коментари.

„Ако Тони вели дека тоа делува, тогаш навистина е така. Па, погледнете само како изгледа таа“, „Ова е лудило. Таа не старее“, „Природна убавина“, „Ова беше забавно за гледање“, „Благодариме на советите Тони“ – се само некои од коментарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот