Славната пејачка е првата жена во историјата која на Инстаграм ја следат 200 милиони луѓе (ФОТО)
Пејачката Ариана Гранде е првата жена во историјата која на Инстаграм собрала 200 милиони следбеници.
27-годишната Ариана бројката од 200 милиони ја прејде минатиот викенд и така стана првата жена која успеала да собере толкав број на следачи на оваа социјална мрежа.
Веднаш зад Ариана, кога станува збор за жените, според бројот на следбеници се наоѓа Кајли Џенер со 193 милиони и Селена Гомез која ја следат 190 милиони луѓе.
На Ариана Гранде за успехот меѓу првите на Инстаграм и честиташе Лејди Гага која има многу поскромни 43,4 милиони следбеници.
„И честитам на мојата пријателка Ариана Гранде на 200-те милиони следбеници. Ти си кралица. Земи ја круната“ и порача Гага.
Инаку, првиот маж кој успеал да собере импресивни 200 милиони следбеници е фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо, кој таа бројка ја достигна во јануари оваа година. Роналдо во моментов го следат 237 милиони луѓе.