„Скротувач на стомакот“: Рецепт за пијалак за пролетно чистење на телото

Фото: Flickr

По обилната велигденска трпеза, на нашиот организам му треба „чистење“, има потреба од нешто полесно, освежително, а во исто време и закрепнувачко. Одличен избор се смути, кои освен што се освежувачки, помагаат и за слабеење, добри се за кожата, ги намалуваат проблемите со надуеноста, ги снабдуваат клетките со хранливи материи и помагаат да го направиме нашиот стомак порамен.
Пијалаците што го чистат организмот од штетните материи се особено пожелни.

Во продолжение прочитајте го рецептот за еден таков пијалак. Се нарекува „скротувач на стомак“, а неговите состојки можеби веќе ги имате во вашиот дом. Главната состојка на пијалакот е ананасот, кој е полн со витамин Ц и делува како природен диуретик кој го ослободува телото од токсините.

За придобивките од лимонот веќе се зборува многу, но уште еднаш ќе повториме дека тоа е цитрусно овошје кое изобилува со минерали и витамини важни за здравјето.

И циметот и ѓумбирот се додатоци кои, меѓу другото, прават чуда за дигестивниот систем.

Состојки за „скротувачот на стомак“:

– 1 шолја ананас – свеж или конзервиран
– 1/2 исцеден лимон
– 1 лажичка мелен ѓумбир
– 1 лажичка цимет
– 2 шолји вода

Подготовка:

Исечканиот ананас заедно со другите состојки само ставете ги во блендер, добро измешајте и уживајте во освежителниот пијалак и во сите придобивки што ги носи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот