Скриниар потпиша за ПСЖ: Доаѓам во еден од најдобрите клубови во светот

Фото: ПСЖ

Како и што се очекуваше, денес стигна официјална потврда за трансферот на Милан Скриниар кој потпиша договор со Пари Сен Жермен.

Одличниот дефанзивец со клубот од Париз потпиша договор до јуни 2028 година, откако му заврши соработката со Интер. Долго време се поврзуваше со „светците“, а сега конечно се е завршено.

Самиот фудбалер призна дека е среќен што започнува една нова епизода.

„Пресреќен сум што ќе заиграм за клуб како ПСЖ, ова е еден од најдобрите клубови во светот. Тука има играчи од светска класа и неверојатни навивачи“, изјави Скриниар по потписот на договорот.

Кариерата ја започна во Жилина, а една година помина на позајмица во Злате Моравце. Сампдорија го откупи во 2016-та година за 5.2 милиони евра, а една година подоцна Интер за него плати 34 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот