Скопските туристички агенции почнаа да ги откажуваат патувањата за Италија

Фото: ЕПА

Само една од петте агенции што ги контактиравме ќе носи патници во Рим, ама не за 8 март туку подоцна, за Велигден.

„Слободен печат“ утринава се јави на телефонските броеви на повеќе туристички агенции во Скопје со прашање дали може да резервираме аранжман за 8 март за Италија. На телефонските броеви на сите агенции во кои се јавивме, ни рекоа дека немало доволно патници, па патувањето се откажало. Во дел од агенциите, операторите рекоа дека менаџерите се на состанок во владата и дека поради тоа не може да резервираме аранжман за 8 март додека не се вратат од состанокот.

– Јавете се после 14 часот, може да има отказ на аранжманот за Тоскана, затоа ви велам за сигурно, да се слушнеме подоцна – ни рече операторката во една од скопските туристички оператори.

– Немаме патувања за Италија за 8 март. За Велигден имаше, ама се откажаа.

Само една од петте агенции што ги контактиравме ќе носи патници во Рим, ама не за 8 март туку подоцна, за Велигден.

– Ако не е безбедно и ние не би оделе, ќе знаеме за некој ден дали ќе има аранжмани – ни рекоа оттаму.

Агенцијата „Атлантик турс“ ја откажа предвидената екскурзија во Италија Тренто, Мерано, Болцано.

– На сите патници кои го имаат уплатено овој аранжман средствата ќе им бидат рефундирани.“ – информираше агенцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот