Скопските градоначалници во ЗЕЛС бараа решение за нехигиената во Скопје
Денеска на иницијатива на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, се одржа состанок на сите скопски градоначалници во рамките на ЗЕЛС, со цел да се најде решение за нефункционалноста на ЈП „Комунална хигиена“ поради што Скопје, за жал, веќе подолг период е претворено во една голема депонија.
Препорачано
Преседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски вели дека иако неколку пати интервенирале на терен во изминатите години, тоа биле само привремени, секундарни интервенции бидејќи општините немаат сопствена механизација, ниту пак ингеренции да ги празнат контејнерите.
Во изминативе неколку дена сите градоначалници од скопскиот регион, со поддршка од општествено одговорни компании, се обидуваме да го амортизираме хаосот што го зафати градот. Денес разговараме не само за тоа како да делуваме во наредните неколку дена до крајот на изборите, туку како трајно да го решиме проблемот со хигиената во Скопје. Доколку има потреба, ќе побараме поддршка и од нашите колеги надвор од градот Скопје, со цел заеднички да придонесеме за расчистување на овој метеж – рече Ѓорѓиевски.
„Глувците нема да чекаат втор круг“: Пановски апелира веднаш да се исчисти ѓубрето во Скопје
Тој апелираше до раководството на „Дрисла“ да покажат разбирање и да не вршат опструкции при влезот на механизацијата која ќе биде насочена кон транспортирање на отпадот што се таложи низ скопските улици.
Нашите сограѓани редовно си ги плаќаат сметките но за жал, услугата од градското претпријатие не ја добиваат. Затоа ќе дадеме сѐ од себе во наредните денови, а како што ветив – во првите 72 часа по преземањето на функцијата градоначалник, конечно ќе го исчистиме Скопје и ќе ставиме крај на оваа агонија – нагласи претседателот на ЗЕЛС.


