„Скопје смог аларм“: Стотици дрвја ќе се засадат во пет главни града во регионот

Фото: facebook

В петок здружено ќе се засадат стотици дрвја како пркос на сето она што ни се случува и со порака дека за животот треба да се грижиме секој ден и секој миг. Ова го соопштуваат од здружението „Скопје смог аларм“ најавувајќи го регионалниот настан „Дрво на пријателството“, кој ќе се одржи во 11 часот во повеќе градови: Скопје, Тирана, Белград, Подгорица, Приштина и Сараево.

– Низ деновите кога живееме во „новото нормално“, не смееме да заборавиме дека екологијата и грижата за животната средина се екстремно важни, потсетуваат организаторите и додаваат дека овој пат сите главни градови во регионот што ја делат „шампионската“ позиција во загадување на воздухот, ќе засадат дрвја во ист ден!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот