Vladicin Han, 8. maja 2019 - Juzni krak Koridora 10 kroz Grdelicku klisuru spreman je za otvaranje, a jedinstvenost te deonice moze se izraziti razlicitim brojkama i podacima, ukljucujuci cinjenicu da je petlja Predejane jedina u Srbiji i na Balkanu cela na mostovskim konstrukcijama iznad reke. FOTO TANJUG / RADE PRELIC / bb

Скопје ја загрозува навремената изградба на Коридорот 8, кој е многу важен за НАТО и ЕУ, обвинува Бугарија

Македонија повеќе од 3 месеци го одолговлекува склучувањето на договор за подготовка и изградба на Коридорот бр.8, загрозувајќи ја навремената изградба на исклучително важниот проект за колективната безбедност на НАТО и ЕУ, соопшти бугарското Министерство за транспорт и врски.

Реакцијата следи откако македонското Министерство за транспорт ја обвини бугарската страна за искривување на фактите во врска со изградбата на Коридорот број 8, пренесе БГНЕС.

„Република Бугарија на 15 јануари 2025 година ѝ предложи на Република Северна Македонија Нацрт меѓувладина спогодба за подготовка и изградба на објект за прекуграничен железнички тунел што ќе ја поврзува железничката мрежа на двете земји.

Ова е единственото отворено прашање меѓу двете земји на полето на железничкиот транспорт, кое, сепак, не е само од билатерално значење, туку и претставува важен елемент на колективната безбедносна архитектура на НАТО и поврзаноста меѓу земјите-членки на ЕУ“ се вели во реакцијата.

Се додава дека Бугарија е подготвена веднаш да го потпише Договорот и да започне итни активности за изградба на објектот на тунелот. Доколку Скопје има забелешки на предложениот текст, Бугарија е подготвена да разговара за нивно надминување, наведуваат од бугарското министерство.

„Неподготвеноста на Скопје да даде коментар за предложениот Нацрт или да ја потврди подготвеноста да го потпише текстот во сегашната форма, ја загрозува навремената изградба на исклучително важниот за колективната безбедност на НАТО и Транспортниот коридор VIII на ЕУ.

Додека се чека одговор од Скопје и мобилизирање на вниманието на партнерите од НАТО и ЕУ за овој проблем, Република Бугарија ќе продолжи да ги гради и модернизира делниците од Коридорот 8 на своја територија, во кои веќе има инвестирано над 4 милијарди лева“, се вели во ставот на бугарското министерство за транспорт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот