Скопјанка пронајдена мртва во хотелска соба во Чаир

Фото: илустрација / Albert Vincent Wu / Unsplash

Жителка на Скопје на возраст од 41 година е пронајдена мртва вчера во хотелска соба во населбата Чаир, соопшти полицијата.

„На 16.12.2021 во 13.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во соба во хотел на ул.„Чаирска” во Скопје била пронајдена почината К.Н.(41) од Скопје. Екипа од Итна медицинска помош констатирала смрт без траги на насилство“, се вели во полицискиот билтен.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата било предадено на обдукција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот