Скопјанка починала во угостителски објект

Полиција

Вчера околу 22.00 часот од Итна медицинска помош во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект на ул.“Радишанска“ имало починато женско лице.

Од страна на полициски службеници излезено било на местото на настанот и констатирано било дека се работи за С.Д.(52) од Скопје.

Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без траги на насилство.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот