Скопјани личните карти и возачките дозволи ќе ги добиваат на домашна адреса

лични карти
СП. архива

Со цел да се олесни и забрза процесот на промена на личните документи, започна имплементацијата на пилот проект на територијата на Скопје за доставување на готови лични карти и возачки дозволи на домашна адреса, преку полициските станици, соопштија попладнево од Министерство за внатрешни работи.

Како што посочуваат од полицијата овој пилот проект се спроведува само во Скопје.

„Исто така, ги известуваме граѓаните дека во сабота (27.01.2024) ќе работат шалтерите за издавање на готови документи во објектите во Беко и МРТВ (од 08 до 16 часот)“, додаваат МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот