Скопјани ќе гледаат спектакл на Канал 5 – Ѓорѓиевски прифати ТВ-дуел со Мециновиќ

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека ја прифатил поканата за учество во телевизиска дебата со својот противкандидат Амар Мециновиќ, која ќе се одржи во организација на Канал 5 телевизија.

„Почитувана јавност, драги скопјани, сакам да ве информирам дека ја прифаќам поканата за дебата со мојот противкандидат Амар Мециновиќ, која до мене ја достави Канал 5 телевизија. Тоа е прва телевизија со национална концесија која достави покана за дебата“, напиша Ѓорѓиевски на својот Фејсбук-профил.

Тој додаде дека граѓаните заслужуваат отворена и аргументирана дебата, во која секој кандидат ќе има можност да ги претстави своите визии, програми и решенија за иднината на главниот град.

„Транспарентноста и почитта кон граѓаните се темели на вистинска демократија, а токму тоа ќе го покажеме и овој пат“, порача Ѓорѓиевски.

Дебатата на Канал 5 ќе биде прва телевизиска соочување меѓу двајцата кандидати за градоначалник на Скопје, што се очекува да предизвика големо внимание во јавноста.

Инаку, идејата на Мециновиќ беше со својот противкандидат Ѓорѓиевски да одржат дебата надвор од телевизиските студија, со новинари од сите редакции.

– Јас го повикувам Ѓорѓиевски овде меѓу граѓаните, еве кај Школка во Градскиот парк, да се соочиме, да има новинари од сите редакции, без наместени прашања – истакна Мециновиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот