Славески упати дисквалификации наместо одговори кон новинарите на ТВ Канал 5, реагираат ЗНМ и ССНМ
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) остро реагираат на односот на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, кој на вчерашниот јавен настан наменет за медиумите, како што велат, наместо јасни одговори на прашања од висок јавен интерес, избрал потценувачки и дисквалификувачки однос кон новинарите на ТВ …

