Скопјанецот кој му се закануваше на Героски, му се извини
Скопјанецот Борче Гиноски кој му упати закани на новинарот Бранко Героски, му се извини јавно преку својот Фејсбук профил.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Се крена голема прашина за мојата порака упатена до новинарот Геровски, кого го почитувам. Сакам најпрво да се извинам и да соопштам дека не беше во таа насока кажано, ниту имав намера да се заканувам, јас сум човек што за време на режимот на Никола Груевски многу луѓе сум се обидувал да ги заштитам од насилство. Геровски е меѓу тие што беа напаѓани од поддржувачите на режимот и мојата порака беше во насока дека може токму од ВМРО-ДПМНЕ да биде нападнат, така делуваат они. Како и да е, настана недоразбирање, се извинувам лично до Геровски и до јавноста, немам намера ниту некого да напаѓам ниту да навредувам, ја почитувам работата на новинарите. Повикан сум во партијата на разговор, ова ќе го соопштам и таму, но сакам јавноста да ја знае вистината“, напиша Гиноски.

Новинарот Бранко Героски синоќа на својот фејсбук профил објави дека лице кое се претставувало дека работи во обезбедувањето на СДСМ му се заканувало дека претерува со објавите и дека „може да добие бањање во Вардар“. Героски утринава отиде во партиското седиште да побара одговор дали лицето навистина е вработено кај нив, од каде му одговориле дека информацијата не е точна.
Од седиштето на СДСМ, Геровски замина на средба со претседателот Стево Пендаровски.


