Прегазен велосипедист / Фото: илустрација

Скопјанец со автомобил прегазил 13-годишно дете на велосипед во Железара

Министерството за внатрешни работи информира за сообраќајна несреќа што се случила вчера на скопската улицата „Коце Металец“, каде возач на „сеат“ удрил во 13-годишно момче на велосипед. Детето е веднаш пренесено во болница со тешки повреди, а возачот бил уапсен.

„На 14.05.2026 во 16:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Коце Металец“ во Скопје,  патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.П.(20) од Скопје, удрило во велосипед управуван од 13-годишник од Скопје. Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во  Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а возачот А.П. е лишен од слобода по член 300 од Кривичниот законик. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, соопшти МВР.

Момчето кое се спушташе со точак по пешачка патека на Водно го викнале во полиција, му дале писмена опомена

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот