Фото: Скопје1 / Јутјуб / скриншот

Момчето кое се спушташе со точак по пешачка патека на Водно го викнале во полиција, му дале писмена опомена

Младиот велосипедист самиот го објави видеото од конфликтот со планинар што се случи кога се спушташе на патека предвидена за пешаци

Тинејџерот кој неодамна објави видео на кое се гледа како се спушта по пешачка патека на Водно, а таму го запира рекреативен планинар кој се качува со двете деца, бил повикан во полициска станица заедно со татко му, при што им издале писмено предупредување, објави „Скопје1“.

„Во врска со пријавата за управување велосипед по патеките на Водно каде пешачат поголем број на граѓани, Ве известуваме дека од страна на полициски службеници од Полициска станица Карпош повикан е малолетникот што го управувал велосипедот заедно со неговиот родител при што истиот е писмено предупреден“, велат од МВР за порталот.

Инцидентот предизвика многу коментари и препукувања на социјалните мрежи, откако младиот велосипедист самиот го објави, со наслов „VODNO KATASTROFA (POLICIJA BESE VIKNATA)“ видеото од конфликтот што го предизвика спуштајќи се на патека на која е опасно, и оттаму забрането, да се вози велосипед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот