Скариоло останува селектор на Шпанија до 2028 година

Серџо Скариоло/фото: EPA-EFE/Mariscal

Италијанскиот стручњак Серџо Скариоло го продолжи договорот со шпанската кошаркарска репрезентација, а селектор на Шпанија ќе остане до 2028 година, соопшти тамошната федерација.

Скариоло е селектор на Шпанија од 2009 година, со двегодишна пауза од 2013 до 2015 година.

Со репрезентацијата на Шпанија, Скариоло ја освои титулата светски шампион (2019) и четири титули европски шампиони (2009, 2011, 2015 и 2022 година), како и два олимписки медали, сребро на Игрите во 2012 година и бронза во 2016 година.

Кошаркарите на Шпанија сè уште не се пласирале на Летните олимписки игри 2024.

А пласман во Париз ќе се обиде „црвената фурија“ да обезбеди на квалификацискиот турнир кој од 2 до 7 јули ќе се игра во Валенсија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот