СКАРА, МУЗИКА И ПИВО: „Ван Гог“ свиреа за крај на „Скопје пивофест 2019“ (ФОТО)

Фото: Слободен печат

Изминатиов викенд на стадионот „АРМ“ во Градскиот парк во Скопје, квалитетното пиво и вкусната скара ставија печат на ноќниот живот во нашиот главен град.

Овогодинешното издание на Скопје „Пивофест“, кое се одржа на веќе споменатата локација од 12 до 15 септември, ни донесе многу музика и незаборавно дружење. На повеќе од 30 штандови посетителите имаа можност да дегустираат над 80 домашни и странски брендови на пиво, но и да уживаат во вкусот на добрата скара.

Скара и пиво е стар рецепт за добра забава, но кога на целото тоа ќе му се додаде и музика, тогаш атмосферата станува уште подобра. Тоа токму и се случи на овој „Пивофест“ во Скопје, со тоа што публиката до раните утрински часови изминативе денови се забавуваше како со македонски, така и со бендови од регионот.

Иако секоја вечер настапуваа по неколку бендови, сепак како главни ѕвезди на првата вечер беа Дубиоза Колектив и нашиот Кирил Џајковски, втората вечер му припадна на Д-р Неле Карајлиќ (Забрането пушење), а свој настап имаше и тетовската група „Conquering Lion“.

Во саботата, за атмосферата до раните утрински часови да биде на посакуваното ниво се погрижија „С.А.Р.С“, а за крај, во неделата, посетителите уживаа во старите добри хитови на славната српска рок група „Ван Гог“.

И оваа година, покрај одличниот музички репертоар, на Скопје „Пивофест“ секоја вечер се одржуваа и натпревари по брзо пиење на пиво, што беше уште една активност која го направи овој настан уште поинтересен.

Во продолжение уживајте во дел од атмосферата од последната вечер:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот