Скапоцена архива: Над 80.000 предмети на Дејвид Боуви ќе бидат претставени на изложба во Лондон

Фото: EPA

Обожавателите на Дејвид Боуви ќе имаат неверојатна можност да присуствуват на уникатна изложба посветена на животот и делото на легендарниот британски музичар, пишува „Би-би-си“.

Имено, повеќе од 80.000 предмети на Боуви ќе бидат претставени во новоотворениот центар за проучување сценски уметности „Дејвид Боуви“ во Лондон, Велика Британија, откако најголемиот музеј за применета уметност и дизајн во светот – Музејот на Викторија и Алберт ги откупи правата врз скапоцената архива на Боуви.

Изложбата, која ќе биде отворена во 2025 година, ќе им овозможи на неговите обожаватели да се зближат и да добијат нови сознанија за креативниот процес на Боуви.

Фото: EPA-EFE/V&A/MASAYOSI SUKITA/DAVID BOWIE ARCHIVE

Боуви е широко признат како иноватор, особено за неговата работа во седумдесеттите години на минатиот век, и познат по неговиот специфичен глас и интелектуалната длабочина во работата. Изложбената колекција ќе вклучува рачно напишани текстови, писма, ноти, оригинални костими, фотографии, филмови, музички спотови, сетови, корици на албуми и награди. Ќе бидат претставени и неговите инструменти, но и некои нереализирани музички проекти, кои досега не биле прикажани во јавноста.

Фото: EPA-EFE/V&A/MASAYOSI SUKITA/DAVID BOWIE ARCHIVE

Исто така, посетителите ќе можат да ги видат сценските костими за алтер егото на Боуви, Зиги Стардаст, дизајнирани од Фреди Бурети во 1972 година, креациите на Кансаи Јамамото за турнејата „Aladdin Sane“ во 1973 година и палтото на Јунион Џек, дизајнирано од Боуви и Александар Меквин за насловната страница на албумот „Earthling“ од 1997 година.

Ќе бидат претставени и повеќе од 70.000 фотографии на Дејвид Боуви, направени од најпознатите фотографи од 20. век – од Тери Онил до Брајан Дафи.

Фото: EPA-EFE/V&A/MASAYOSI SUKITA/DAVID BOWIE ARCHIVE

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот