Фото: Profimedia

Скандал зад камерите – тепачка меѓу Зејн Малик и Луис Томлинсон го урна проектот на „Нетфликс“

Наводен физички судир меѓу поранешните членови на „Уан дајрекшн“, Зејн Малик и Луис Томлинсон, довел до целосно откажување на серија за „Нетфликс“.

Според странските медиуми, инцидентот се случил за време на снимањето на патописна серија во САД, кога дошло до жестока расправија што ескалирала во физички напад. Наводно, конфликтот започнал по навредлив коментар на Малик за покојната мајка на Томлинсон, Јохана Дикин, која почина во 2016 година.

Извори тврдат дека Томлинсон бил удрен во лицето и се здобил со повреди, по што му била укажана лекарска помош.

„Уан дајрекшн“ / Фото: Grant Falvey / Zuma Press / Profimedia

По инцидентот, снимањето било прекинато, а проектот, за кој бил потпишан повеќемилионски договор, целосно откажан. Серијата требало да ги следи поранешните членови на „Уан дајрекшн“ низ Америка, додека зборуваат за своите животи, кариерата и спомените од времето во бендот, како и за загубата на нивниот поранешен колега Лијам Пејн.

Наводно, Малик и Томлинсон не се во контакт од инцидентот, кој се случил пред неколку месеци.

Реакции имало и од семејството на Томлинсон, дел од неговите сестри престанале да го следат Малик на социјалните мрежи.

Инаку, ова не е првпат Малик да се поврзува со вакви инциденти. Во 2021 година тој беше обвинет за конфликт со Јоланда Хадид, мајка на неговата поранешна партнерка Џиџи Хадид, по што доби условна казна и мораше да посетува курс за контрола на бес.

Засега нема официјална потврда од инволвираните страни за овие наводи.

ВИДЕО | Луис Томлинсон за трагичната смрт на Лијам Пејн: „Празнината што ја остави не се пополнува“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот