Скандал по скандал во Црна Гора: Поранешна специјална обвинителка фатила магла, осудена е на седум месеци затвор
Црногорската полиција трага по поранешната специјална државна обвинителка Лидија Митровиќ, која не се јавила доброволно на издржување затворска казна, објави „Вјести“.
Препорачано
„Таа претходно поднела молба до надлежниот суд за одложување на извршувањето на затворската казна, но таа молба не ѝ била одобрена, како што сме информирани од судот,“ соопшти црногорската полиција.
Во соопштението се додава дека полицијата, „постапувајќи по наредба на Основниот суд во Подгорица за присилно приведување на осудената Лидија Митровиќ, која не се јавила доброволно на издржување на затворската казна, во повеќе наврати ги посетила локациите на живеење и престој на ова лице, но таа не била затекната, а од членовите на нејзиното семејство добила различни и меѓусебно спротивставени информации за тоа дали престојува на територијата на Подгорица или во Будва“.
Обвинителскиот совет на седница одржана на 5 јуни минатата година донел одлука за разрешување на Митровиќ.
Како што тогаш соопштија од Обвинителскиот совет, Уставот на Црна Гора пропишува дека раководителот на државното обвинителство и државниот обвинител се разрешуваат од функцијата доколку со правосилна пресуда бидат осудени на безусловна казна затвор, а Обвинителскиот совет ги избира и разрешува раководителите на државните обвинителства и државните обвинители.
Апелациониот суд на 29 мај минатата година ја потврди пресудата на Вишиот суд во Подгорица, со која Митровиќ и во повторената судска постапка беше осудена на седум месеци затвор за продолжено кривично дело злоупотреба на службената положба.
Митровиќ на таа затворска казна беше осудена на 23 декември 2024 година во Вишиот суд во Подгорица.
Скандал ја тресе Црна Гора: Контроверзни снимки соборија функционери


