Скандал во училиште, ПРОФЕСОР ДОПИРАЛ УЧЕНИЧКА! Учениците снимале, а реакцијата на родителите е поразителна (ВИДЕО)

принтскрин

Професорот по историја Тревис Холанд во средното училиште во американската сојузна држава Тенеси, е суспендиран откако е објавено видео на кое се гледа како на непримерен начин допира една ученичка.

На видеото кое се појави се гледа како професорот својата ученичка, тинејџерка, која стои покрај неговиот стол, прво ја гали по левото рамо, а потоа раката ја спушта и подолу по грбот, по што ја допира за половината.

Видеото во јавноста се појави вчера, а професорот е суспендиран без плата веднаш по објавувањето, пишуваат американските медиуми.

Учениците и претходно го пријавувале професорот за непримерно допирање на ученичките, но тој ниту еднаш не бил казнет.

Училиштето веднаш покренало истрага против Холанд, кој освен што предава историја, учениците ги тренира и безбол.

Родителите на ученичката која професорот ја допира на видото „го оправдаа“ бидејќи сметаат дека ја тешел поради смртен случај во семејството, но многумина се побунија дека тоа тој го правел на непримерен начин и бараат постога казна за него.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот