Скандал во Турција: Коментатор добил отказ откако го спомнал Хакан Шукур

Фото: Тwitter

Спортскиот коментатор Алпер Бакирчигил добил отказ во Турција после преносот кој го работел од третото коло на Светското првенство помеѓу Канада и Мароко.

Бакирчигл работеше за турската „ТРТ“, а отказот го заработил поради кажување на името и презимето на поранешниот турски фудбалер Хакан Шукур. Шукур е легенда во турскиот фудбал и за оваа репрезентација по само 11 секунди постигна гол против Јужна Кореја, подоцна ја водеше Турција и до третото место на Мундијалот.

Денес живее еден поинаков живот, откако се проба во политиката, сега работи како возач во САД. Фудбалската кариера ја изгради во Галатасарај за која постигна 51 гол на 112 натпревари. Во кариерата играше за Торино, Интер, Парма и Блекбурн.

Сепак, проблемите во Турција за него започнаа поради судир со претседателот Реџеп Таип Ердоган кој го обвини за „тероризам“ и бараше негова екстрадиција од САД каде што денес живее Шукур.

Ердоган се обидува од сите полиња да го „избрише“ името на Шукур, па затоа и коментаторот доби отказ откако го изговорил неговото име.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот