Скандал во САД, НБА шампион претепал момче за време на протестите (ВИДЕО)

Поранешниот кошаркар на Кливленд кавалирс, Џер Ар Смит претепал едеен човек кој наводно му го оштетил возилото за време на протестите поради убиството на Џорџ Флојд.

Смит е снимен како удира момче додека лежи на земја, а потоа се гледа и како го удира и кога неименуваната личност станала. Момчето  успеало да избега, а наводно го скршил прозорот на автомобилот на Смит.

Тоа го признава и самиот НБА кошаркар во видео лкип, а исто така изјави дека неговиот автомобил бил паркиран во близина на стамбени згради, а не во близина на продавницата каде се случила тепачката.

„Го бркав и го претепав. Ова е злосторство. Немам проблеми со никого доколку тој нема проблеми со мене. Проблемот е во е**ниот систем“, изјавил Џеј Ар Смит.


Смит кој има 34 години, помина 15 години во НБА лигата, од кои 11 сезони го носеше дресот на Кливленд кавалирс. Во оваа сезона не настапуваше за ниту еден тим, а со Кливленд во 2016 година ја освои шампионската титула.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот