Скандал во Италија, екипа која е покосена од коронавирус приморана да излезе на терен со само девет играчи

Неверојатна ситуација во Серија Ц за време на натпреварот меѓу Казертана и Витербезе.

Екипата на Казертана која настапува во Серија Ц, третата итлаијанска лига, за време на викендот имаше пријавено дури 15 фудбалери кои се позитивни на коронавирус и бараше одложување на натпреварот против Витербезе.

Сепак, властите го натераа тимот да излезе на терен со девет фудбалери колку што имаше на располагање и не ги прифатија укажувањата на Казертана дека иако имаат негативни тестови, тренерот и неколку играчи покажуваат симптоми на коронавирус.

Но, Витербезе одби да се одложи натпреварот и да се одреди нов датум по што на Казертана им беше наредено дека мора да го играат натпреварот со помалку од 11 фудбалери.

Фудбалерите тоа го направија и Казертана загуби со 3:0 но по натпреварот ги обвини локалните власти и противничкиот тим Витербезе.

– Ова се тешки денови, полни со страв и страв за здравјето на сите членови на Казертана и нивните семејства. Имаме екипа која е десеткувана од вирусот, имавме 15 позитивни случаи на корона. Но, наместо да се одложи натпреварот, неколку часа пред дуелот од 16. коло во Серија Ц, Казертана беше приморана да го прими одбиеното барање на Витербезе за одложување на натпреварот, а самата Лига смета дека тоа не беше неопходно. Јавноста треба да знае дека и дел од играчите кои настапија иаа температура иако беа негативни на тестирањето. Ова е лош сигнал за заедницата, кога луѓето се принудени да останат во своите домови, ние бевме принудени по секоја цена да го одигрима натпреварот“, стои во соопштението на Казертана.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот