Скандал во Германија: Од сметка на германска компанија исчезнаа две милијарди евра

Инвеститорот „Union Investment“ еден од десетте најголеми акзционери, се придружи на фондот кој се закани дека ќе ја тужи компанијата која речиси две децении се смета за германска успешна технолошка приказна.

Акциите на компанијата „Wirecard“ денеска паднаа за уште 50 отсто откако вчера беше објавено дека на сметката на фирмата недостасуваат 1,9 милијарди евра.

Ревизорот на финансиско – техничката група, која своевремено била сметана за ѕвезда на германскиот технолошки сектор, објави дека на сметката на компанијата недостасуваат 1,9 милијарди евра.

Хаотичната распродажба, која започна вчера со вртоглав пад на акциите од 60 отсто, а ескалираше денеска откако двајца најголеми инвеститори најавија судска тужба против „Wirecard“ поради сметководствениот скандал кој го доведе во прашање опстанокот на една од компаниите кои високо котираа на платниот промет, пренесува „Фајненшл тајмс“.

Инвеститорот „Union Investment“ еден од десетте најголеми акзционери, се придружи на фондот кој се закани дека ќе ја тужи компанијата која речиси две децении се смета за германска успешна технолошка приказна.

„Wirecard“ со седиште во предградие на Минхен, обработува десетици милијарди евра во трансакции на кредити и дебитни картички на годишно ниво.

Аферата изби вчера, кога беше откриено дека на сметката недостасуваат 1,9 милијарди евра.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот