Фото: EPA/TANNEN MAURY

Скандал во атлетиката: Светската рекордерка во маратон суспендирана поради допинг

Светската рекордерка во маратон, Рут Чепнгетич од Кенија, е привремено суспендирана поради позитивен допинг тест, потврди АУИ.

Атлетската единица за интегритет  и борба против допинг во атлетиката, нагласи и дека Чепнгетич паднала на тест напраен на 14 март оваа година. Во нејзиниот организам биле откриени траги од хидрохлоротиазид (ХЦТЗ) – супстанца што се користи како диуретик за третман на висок крвен притисок и задржување течности.

Иако самиот лек не ја подобрува изведбата, се наоѓа на листата на забранети супстанции бидејќи може да се користи за сокривање на присуство на други допинг агенси.

Скандалот добива уште поголема тежина со оглед дека Чепнгетич е актуелна светска рекордерка во маратон и едно од најголемите имиња во трките на долги патеки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот