ФОТО | Скандал по смртта на Брижит Бардо: Фондацијата итно реагираше по интернет-продажбата на лажни сувенири
Фондацијата основана од неодамна починатата француска ѕвезда Брижит Бардо излезе со итно соопштение во кое предупреди на лажни понуди и злоупотреби на ликот и делото на славната актерка, пренесува „Би-би-си“.
Препорачано
„Фондацијата Брижит Бардо предупредува на ширење понуди на интернет и социјалните мрежи за продажба на фотографии, монтажи направени со вештачка интелигенција и разни материјали кои го репродуцираат ликот на Бардо. Целта е лажно собирање средства, со тврдења дека 10отсто од приходот ќе оди за Фондацијата, за продолжување на делото на Брижит Бардо“, се наведува во соопштението.

Фондацијата појаснува дека станува збор за груби монтажи и незаконска продажба, како и за наводни акции за собирање средства што никогаш не добиле согласност од Фондацијата.
„Апелираме до сите да го почитуваат спшоменот на починатата и да бидат внимателни за да не станат жртви на овие груби и бедни обиди за злоупотреба“, додаваат од Фондацијата.
Тие предупредуваат дека судски постапки ќе бидат поведени против секој кој учествува во овие незаконски активности.
Брижит Бардо почина минатата недела на 92 години. По повлекувањето од глумата во 1950-тите, таа го посвети својот живот на заштита и грижа за животните.
Откриено кој ќе го наследи богатството на Брижит Бардо и нејзината позната куќа во Сен Тропе


