Скандал на ЕП: Супервизор на албанската репрезентација обвинет дека силувал 18-годишна девојка во хотел

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Неименуван супервизор од репрезентацијата на Албанија кој имал 26 години е обвинет за силување на девојка од 18 години во тоалетот од хотелот каде што била сместена репрезентацијата во текот на Европското првенство.

Случајот бил пријавен во полиција од вработениот во хотелот на 23. јуни во 19:30 часот. Младата девојка пред полициските инспектори признала дека била турната и сексуално злоставувана.

Иако јавниот обвинител бил известен за пријавениот случај, обвинетиот уште наредниот ден ја напуштил Германија откако Албанија била елиминирана во групната фаза на натпреварувањето.

„Бидејќи нема итни сомнежи, барањето за апсење не можеше да се поднесе. Според германскиот закон сторителот може да очекува најмалку две години затвор“, изјавила портпаролката на полицијата.

Како што пишува „Билд“ во овој момент не е јасно како истрагата ќе продолжи. Во фудбалскиот сојуз на Албанија веднаш откако дознале за инцидентот го суспендирале сторителот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот