Сити нуди 100 милиони евра плус тројца играчи за Меси!

фото: твитер

Најновите информации велат дека капитенот на Барселона Лионел Меси има желба повторно да соработува со тренерот Пеп Гвардиола.

Манчестер сити кој според светските обложувалници е најблиску до потписот на Аргентинецот, нуди 100 милиони евра плус тројца играчи во евентуалниот договор.

Интер исто така се поврзува со еден од најдобрите играчи на светот кој сака што побрзо да го раскине договорот со каталонскиот клуб.

Барселона замената за Меси ја најде во Ливерпул

Но, медиумите во Шпанија тврдат дека „граѓаните“ се во најдобра позиција со понуда да ги убедат Каталонците во реализација на трансферот.

Каталонскиот „Спорт“ пренесува дека Меси веќе контактираше со менаџерот на Сити, Гвардиола и има желба повторно да соработуваат овојпат во Англија.

Клубот од „Етихад“ покрај понудата од 100 милиони евра, нуди уште тројца свои играчи, Габриел Жезус, Бернардо Силва и Ерик Гарсија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот