Сите три мобилни оператори во Србија ги покачуваат услугите

мобилен телефон
Фото: Unsplash / Jonas Leupe /

Сите три мобилни оператори во Србија – МТС, А1 и Јетел деновиве ги покачија цените на своите услуги или наскоро ќе ги покачат. Сепак, само А1 претходно ги информираше своите корисници за зголемувањето, додека корисниците на МТС не добија никакви известувања, пишува Нова.рс.

Клиентите на Јетел беа известени со ситните букви на нивната јануарска сметка за зголемувањето, кое ќе стапи на сила веќе во март, а судејќи според реакциите на социјалните мрежи, никој не им обрнал внимание. Нова.рс веќе соопшти дека компанијата Телеком Србија без предупредување и најава ги покачила цените на пакетите за кабелска телевизија, интернет, фиксна и мобилна телефонија, без претходно да ги извести корисниците, кои сега немаат ни право на жалба.

Додека А1 ги известуваше корисниците на првиот ден од март преку СМС пораки за претстојните промени на цените кои ќе важат од април, наведувајќи конкретни цени за сите пакети, како и рок од еден месец за раскинување на договорот, тоа не беше случај со МТС и Јетел. Имено, корисниците на социјалните мрежи многу пишуваат за поскапувањето на пакетите во Јетел, посочувајќи дека во сметката од јануари стои дека промена на цената ќе има од март. А што е најголемиот проблем – рокот за раскинување на договорот е до крајот на февруари.

Бидејќи повеќето корисници промените на цените ги забележаа дури на 1 март, здружението за заштита на потрошувачите „Ефектива“ на социјалните мрежи објави какви права имаат потрошувачите. Ефектива посочи дека Јетел на својата веб-страница навела дека рокот за раскинување на договорот е 29 февруари.

Од ова здружение потсетуваат дека членот 131 од Законот за електронски комуникации пропишува дека корисникот има рок од 30 дена да го раскине договорот, почнувајќи од денот кога бил известен за поскапувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот