Сите мислат дека Луна Џогани е бремена, а таа позира во танга-бикини и јаде слатки! (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Луна Џогани и нејзиниот вереник Марко Миљковиќ после веридбата отпатуваа на одмор во Турција, каде веќе неколку дена уживаат на сонце и море.

Од кога се на одмор, Луна не престанува да објавува фотографии во бикини, по кои може да се забележи дека „ставила“ неколку килограми.

Многумина поради сликите на кои се гледа и стомакот, помислилија дека Луна е бремена, меѓутоа таа го демантираше тоа, но призна дека се поправила по излегувањето од реалното шоу.

Таа кажала дека во изминатиот период малку се запуштила и дека поради слатки работи, кои просто ги обожава, добила вишок околу половината и стомакот.

– Не сум бремена, само се поправив малку, бидејќи на одмор не можам да одолеам на некои слатки работи. Сите вие знаете колку сакам слатко, па малку и се поправив. Од таму дојде и ова стомаче, но тоа се ќе се реши кога ќе се вратиме во Србија – открила за српски Ало.

Погледнете ги фотографиите од Турција:

Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот