Сојузниците на Путин
Сојузниците на Путин / Фото EPA-EFE/ALEXEI DRUZHININ / SPUTNIK /

Сите луѓе на Путин: Кому најмногу му верува рускиот претседател и кого го слуша?

Рускиот претседател Владимир Путин околу себе собра круг на блиски и лојални луѓе, но дали тие влијаеле на неговата одлука да започне специјална операција во Украина?

Рускиот претседател Владимир Путин ја испрати руската армија во специјална операција во Украина, која се заканува да ја уништи економијата на неговата земја.

За време на двете неодамнешни појавувања јавноста, се чинеше дека Путин дека е целосно изолиран. Иако беше забележан во најблискиот круг на соработници, седеше на растојание од нив.

Како врховен командант, крајната одговорност за специјалната операција на руската армија е кај него, но тој отсекогаш се потпирал на длабоко лојална придружба, од која многумина ја започнале својата кариера во руските безбедносни служби.

Прашањето е кој од овие личности ужива најголема доверба кај Путин во можеби најкобниот момент од неговото претседателствување.

Сергеј Шојгу, министер за одбрана

Сергеј Шојгу / Фото: ЕПА

Ако некој во рускиот државен врв ужива доверба кај Путин, тоа е е неговиот долгогодишен пријател и министер за идбрана Сергеј Шојгу, кој ја повтори оценката на Путин за „демилитаризација и денацизација на Украина“ и заштита на Русија од таканаречената воена закана од Западот.

Шојгу во минатото се сметаше како потенцијален наследник на Путин. Меѓутоа, на една неодамнешна фотографија се гледа како седи на крајот од голема маса, подалеку од шефот на вооружените сили, а прашање е колку тој овде би можел да го привлече вниманието на Путин.

Фотографијата е направена третиот ден по почетокот на специјалната операција.

Путин на средба со Шојгу EPA-EFE/ALEKSEY NIKOLSKYI/

Шојгун беше заслужен за воената окупација на Крим во 2014 година. Тој исто така беше одговорен за акцијата на воената разузнавачка агенција ГРУ, обвинета за две труења со нервен агенс – смртоносен напад во Солсбери во Британија во 2018 година и речиси фатален напад врз опозицискиот лидер Алексеј Навални во Сибир во 2020 година.

Рускиот експерт за безбедност и писател Андреј Солдатов смета дека министерот за одбрана е сепак највлијателниот глас на кој рускиот претседател верува.

– Шојгу не е одговорен само за армијата, тој е делумно одговорен и за идеологијата, а во Русија идеологијата главно се занимава со историјата – а тој го контролира наративот – рече Солдатов.

Колку нуклеарно оружје има Русија во споредба со САД, Европа и остатокот од светот?

Валери Герасимов, началник на Генералштабот на руските вооружени сили

Валериј Герасимов/ ФотоEPA-EFE/SERGEI CHIRIKOV

Како началник на Генералштабот, задачата на Валериј Герасимов беше да ја нападне Украина и брзо да ја заврши работата, а со оглед на тоа дека операцијата трае веќе осум дена, тој изгледа не ја исполнил својата задача.

Тој одигра голема улога во воената кампања на Владимир Путин откако командуваше со армијата во чеченската војна во 1999 година и беше на чело на военото планирање за Украина, надгледувајќи ги воените вежби во Белорусија минатиот месец.

Опишан од рускиот специјалист Марк Галеоти како „ненасмеан“, Герасимов одигра клучна улога во воената кампања за анексијата на Крим.

Некои извештаи сугерираат дека тој сега е настрана, поради застојот во специјалната операција во Украина и наводниот низок морал меѓу руските трупи.

Николај Патрушев, секретар за национална безбедност

Николај Патрушев / Фото EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Николај Патрушев смета дека Западот со години се обидува да ја заземе Русија –смета Бен Нобл, професор по руската политика на универзитетот во Лондон.

Тој е еден од тројцата лојални луѓе на Путин кои служат со него од 1970-тите во Санкт Петербург, кога вториот по големина град во Русија беше познат како Ленинград.

Другите двајца верни пријатели на Путин се шефот на службата за безбедност Александар Бортников и шефот на надворешната разузнавачка служба Сергеј Нарушкин. Целиот близок круг на претседателот е познат како безбедносни сили, но тројцата меѓу себе се уште поблиски.

Сепак, малкумина имаат толку големо влијание врз рускиот претседател како Николај Патрушев. Не само што работеше со него во старата КГБ за време на комунистичката ера, туку го замени како шеф на организацијата што ја наследи КГБ, ФСБ, од 1999 до 2008 година.

На состанокот на рускиот Совет за безбедност, три дена пред почетокот на специјалната операција во Украина, Петрушев изјави дека „конкретната цел“ на САД е да ја разбијат Русија.

Оваа седница беше малку необична. Додека Путин седеше на масата, еден по еден член од неговиот безбедносен тим излезе на говорницата и го кажа своето мислење за признавањето на независноста на Доњецк и Луганск.

Александар Бортников, шеф на Службата за безбедност (ФСБ)

Александар Бортников/ Фото EPA-EFE/PAVEL GOLOVKIN

Набљудувачите на Кремљ велат дека претседателот повеќе од кој било друг извор им верува на информациите што ги добива од безбедносните служби, а Александар Бортников се смета за дел од најтесниот круг на Путин.

Уште еден стар кадар од Ленинградската КГБ, го презеде раководството на ФСБ, наследувајќи го Николај Патрушев кој беше назначен на друга позиција, односно на позицијата секретар за национална безбедност.

Познато е дека и двајцата се блиски со Путин, но според добрите познавачи на состојбите „не може со сигурност да се каже кој е главен и кој ги носи одлуките“.

– Тој е важен, но не е таму за да го предизвикува Путин или да дава совети како другите – сметаат добрите познавачи на Кремљ.

Сергеј Нарушкин, директор на Службата за надворешно разузнавање (СВР)

Сергеј Нарушкин/ Фото EPA/MAXIM SHIPENKOV

Сергеј Нарушкин е третиот човек од Ленинградската КГБ и беше со Путин во поголемиот дел од неговата кариера.
Шефот на разузнавачката служба на барање да ја процени ситуацијата, се вознемирил и ги помешал настаните и темите, на што претседателот Путин го укорил и му кажал: „Не зборуваме за тоа“, што ја потврдува забелешкаата на критичарите на власта дека Путин сака да си игра игри со својот внатрешен круг, правејќи го Нарушкин да изгледа како будала .

Нарушкин долго време беше во сенка на Путин, а во 2004 година беше дел од кабинетот на рускиот претседател, за потоа да стане претседател на парламентот.

Сепак, тој го води и Руското историско друштво и се покажал како „особено важен“ во обезбедувањето идеолошка основа за претседателот и неговите постапки.

Сергеј Лавров, министер за надворешни работи

Сергеј Лавров/ Фото EPA-EFE/MAXIM SHEMETOV / POOL

Тој е врвен руски дипломат 18 години, претставувајќи го случајот на Русија пред светот, дури и покрај тоа што се смета дека тој не игра голема улога во одлучувањето.

Сергеј Лавров (71) е уште еден доказ дека Владимир Путин многу се потпира на луѓето од своето минато.

Лавров-Путин/ Фото EPA-EFE/SERGEI CHIRIKOV

Долго време беше ставен на страна по прашањето за се’ што се однесува на Украина и се залагаше за понатамошни дипломатски разговори за Украина, а рускиот претседател одлучи да го игнорира тоа.

Пред неколку дена преку видео врска се обидуваше да ја оправда руската акција во Украина, но голем број дипломати во Советот за човекови права на ОН одбија да го сослушаат и ја напуштија седницата.

ВО ЖИВО | Руско-украинскиот конфликт продолжува, вести од минута во минута

Валентина Матвијенко, претседател на Советот на федерацијата

Путин и Матвијенко/ Фото EPA/SERGEI ILNITSKY

Ретка жена во кругот на Путин, таа го надгледуваше гласањето на Горниот дом за одбележување на распоредувањето на руските сили во странство, отворајќи го патот за специјалната операција.

Валентина Матвиенко е уште една лојална личност на Путин од Санкт Петербург, која помогна да се изгласа и да биде интегриран Крим во 2014 година.

Виктор Золотов, командант на Националната гарда

Виктор Золотов/ Фото EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Поранешен телохранител на претседателот, Виктор Золотов сега раководи со руската национална гарда Росгардија, која Путин ја формираше пред шест години, како еден вид на негова лична армија.

Откако го избрал својот личен телохранител да ги води, тој се уверил во неговата лојалност, а Виктор Золотов го зголемил бројот на чувари на дури 400.000 регистрирани.

Првичниот план на Русија беше специјалната операција да биде завршена во рок од неколку дена, а кога се чинеше дека армијата не успеаа во целта, Руската национална гарда го презеде водството.

Проблемот е што лидерот на Националната гарда нема воена обука, а бидејќи неговата армија нема тенкови, тоа ги прави ранливи.

Сепак, се верува дека не е еден од оние кои ги носат одлуките.

Кој друг го слуша Путин?

Премиерот Михаил Мишустин има незавидна задача да ја спаси економијата, но за војната нема многу зборови.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин и шефот на државниот нафтен гигант Роснефт, Игор Сечин се исто така блиски до претседателот, според политичкиот аналитичар Евгениј Минченко.

Браќата милијардери Борис и Аркадиј Ротенберг, кои се пријатели од детството на претседателот, исто така се долго време блиски луѓе од доверба. Во 2020 година списанието Форбс ги прогласи за најбогато семејство во Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот