Уганда им забрани на жените да седат на совозачкото седиште/ Фото: МИА

Сите го имаме ова во бањата, а може да нè спаси од казна во текот на зимата

Кој би помислил дека обичната паста за заби може да ги спаси возачите од казни и проблеми на патот? Експертите предупредуваат дека замаглените прозорци и лошата видливост при возењето можат да доведат до сериозни сообраќајни прекршоци, но едноставен домашен трик со паста за заби може да биде неочекувано решение кое заштедува и нерви и пари.

На возачите им се препорачува да нанесуваат паста за заби на шофершајбните овие есенски денови, а причината е да се спречи кондензација и замаглување, што е честа појава во постудениот дел од годината. Лошата видливост го зголемува ризикот од казни и несреќи- пишува Каматица. Експертите од BigWantsYourCar ве потсетуваат дека возењето со замаглена шофершајбна може да резултира со казна. Затоа препорачуваат интересен, но многу корисен трик: триење паста за заби на стаклото на автомобилот.

Портпаролот на веб-страницата BigWantsYourCar.com објасни дека пастата за заби содржи благи абразивни честички кои можат да ја измазнат површината на стаклото и со тоа да спречат задржување на капки вода.

– Иако не е трајно решение, може да понуди едноставен и евтин начин за подобрување на видливоста за време на поројни дождови. За помалку од цената на шолја кафе, возачите би можеле да добијат малку повеќе спокојство кога дождот е најлош – рече портпаролот.

Овој метод создава привремена бариера што им овозможува на капките дожд да се лизгаат по стаклото, наместо да се задржуваат и да го заматуваат погледот. Освен што помага при дожд, пастата за заби може да ја подобри јасноста на фаровите и да ја намали кондензацијата во возилото. Експертите советуваат лесно полирање на фаровите со паста за да се отстрани маглата, а тенок слој паста на внатрешната страна на шофершајбната може да спречи насобирање пареа.

Експертите од RAC тврдат дека дури и пената за бричење може да послужи како одлична заштита од замаглување:

– Земете чиста крпа и нанесете малку пена за бричење. Избришете го ветробранското стакло со неа, а потоа избришете ја со друга крпа додека не исчезне пената. Оваа заштитна бариера спречува замаглување, но треба периодично да се обновува – советува RAC.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот