Синот на легендарниот Турам преку Гугл го докажувал идентитетот на редарите пред „Џузепе Меаца“

фото: EPA-EFE/MARTIN MEISSNER

Фудбалерот на Борусија Менхенгладбах, Маркус Турам, пред натпреварот против Интер во Лигата на шампионите имаше непријатност со редарите на стадионот „Џузепе Меаца“.

Турам вчера по доаѓањето на стадионот во Милано каде присуствуваше на прес конференцијата во пресрет на натпреварот со Интер, беше запрен од редарите кои не го препознале.

Тие барале од него да се идентификува, а синот на легендарниот француски фудбалер и играч на Јувентус, Лилијан Турам, морал преку Гугл да им докаже на редарите дека тој е фудбалер.

Сето тоа било проследено од германскиот тим кој на официјалниот Твитер профил објави на настанот, но подоцна го избриша постот.

Турам за да потврди дека е фудбалер на Борусија Менхенгладбах морал да ја симне заштитната маска од лицето и потоа редарот ја споредил сликата од Гугл со лицето на фудбалерот. Откако идентитетот на Маркус Турам бил потврден, тој добил дозвола да влезе на „Џузепе Меаца“ и да биде дел од прес конференцијата.

ВИДЕО: „Граѓаните“ со пресврт, Суарез уште еднаш немоќен пред Баерн!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот